Напорите на Кина да ги надополни своите стратешки резерви со руска нафта нема да бидат во спротивност со американските санкции, изјавија денеска претставници на Белата куќа.
Кина е во преговори со Русија за купување дополнителни нафтени резерви со цел да ги надополни своите стратешки резерви на сурова нафта, беше наведено претходно денеска во извештајот на агенцијата Блумберг.
САД ги водеа глобалните напори за забрана на увозот на руска нафта поради рускиот напад врз Украина, наведува агенцијата.