Поскапуваат бензините од ноќеска на полноќ, утврди Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за половина денар за литар. Цената на дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат. Според одлуката, малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,446 денари за килограм. 

Од вечерва моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе чини 66 денари за литар а бензинот од 98 октани ќе се продава за 68 денари за литар . Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) чини 56 денари за литар а Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 45 денари.