Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ја намали малопродажната цена на бензините, додека цената на дизелот останува иста…
Цените на нафтените деривати во нашата земја во наредниот период од седум дена ќе се намалат во просек за 0,51 %.
Имено, согласно со методологијата за утврдување на цените, Регулаторна со најновата одлука реши да ги поевтини малопродажните цени на горивата во однос на минатата недела.
Сепак, поевтинувањето се однесува само на бензините, односно на Еуросупер БС-95, чија цена се намалува за половина денар, а пак цените на Еуросупер БС-98 и Еуродизел останува непроменета.
Па така од ноќеска на полноќ Еуросупер БС-95 ќе се точи по цена од 68 денари, додека Еуросупер БС-98 и Еуродизелот ќе чинат 70, односно 60 денари за литар гориво.
Во рамките на информацијата од Регулаторната Комизија за Енергетика истакнуваат дека во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи регистрираа намалување и тоа кај бензинот за 0,82%, а кај дизелот ценета бележи зголемување за 1,048%