Халкбанк АД Скопје и во наредните две години ќе биде предводена од д-р Билал Суџубаши кој ќе продолжи да ја извршува функцијата Главен Извршен Директор и Претседател на Управниот одбор.
Но, Халкбанк АД Скопје продолжи со комплетирање на членовите на Управниот одбор откако по усвоените одлуки на Надзорниот одбор и претходно обезбедените согласности од страна на Народната банка, ги именуваше г-дин Беркан Имери и г-дин Александар Иљов за нови Извршни Директори и членови на Управниот одбор.
Согласно новите измени, во моментов Управниот одбор на Халкбанк АД Скопје го сочинуваат:
- Д-р Билал Суџубаши – Главен Извршен Директор и Претседател на Управниот одбор;
- Турхан Адеми – Извршен Директор и член на Управен одбор;
- Беркан Имери – Извршен Директор и член на Управен одбор;
- Александар Иљов – Извршен Директор и член на Управен одбор;