„Беркшир Хатавеј“ објави пораст од 6 отсто на оперативната заработка во вториот квартал, поставувајќи нов квартален рекорд.
Генерално, конгломератот управуван од еден од најпознатите инвеститори, Ворен Бафет, оствари добивка од 35,9 милијарди долари наспроти загуба од 43,6 милијарди долари во истиот период минатата година.
Ова најмногу благодарение на добивките во берзанското портфолио на компанијата, од кои се издвојува онаа направена со акциите на „Епл“. Откупот на акциите на „Беркшир“ во вториот квартал изнесуваше 1,4 милијарди долари, што е помалку од првиот квартал. Компанијата го намали и својот удел во акциите на „Шеврон“, но сепак има најголем удел во акциите на „Епл“.
Паричните позиции на Беркшир се зголемија на 147 милијарди долари на крајот на јуни, додека вкупната актива на компанијата надмина 1 билион долари.