Арно, Безос и Гејтс се единствените богати луѓе во светот со богатство од повеќе од 100 милијарди долари. Благодарение на добрата година и растот на новите акции на почетокот на минатиот месец, извршниот директор на ЛВМХ (Моет – Хенеси – Луи Витон С.А) Бернард Арно го зазеде второто место на списокот на „Форбс“ на најбогатите луѓе во светот, објави „Форбс“.

Богатството од 107 милијарди американски долари на Арно го надмина оној на ко-основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, чија нето вредност во моментов е 106,7 милијарди американски долари, а која дури и накратко го надмина Безос на местото број 1 на крајот на минатиот месец.

Најбогатиот Европеец е само 5,3 милијарди долари зад шефот на Амазон, Џеф Безос, најбогата личност на светот со богатство проценето на 112,3 милијарди.

За гигантот во секторот луксузни производи, ова беше одлична година. Во март, кога Форбс го објави својот годишен список на најбогати во светот, Арно беше на 4-то место со богатство од 76 милијарди долари, зад Безос, Гејтс и Ворен Бафет од Беркшир Хатавеј.

Во јуни, неговата вредност достигна 100 милијарди долари, а во јули беше кратко „број два“, пред да се врати на третото место.

Оттогаш, LVMH со седиште во Париз, сопственост на Sephora и Givenchy, како и десетици други брендови, порасна за дури третина.

На крајот на октомври, акциите повторно пораснаа по вестите дека LVMH сака да го купи американскиот Tiffany’s.

Инаку, 79 брендови на LVMH вклучуваат мода, козметика, накит, фино вино…

Групата има направено 20 аквизиции од 2008 година, вклучувајќи го лондонскиот центар Белмонд, кој е сопственик на луксузната железничка линија Исток и Ориентал експрес.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк