Француската маркетинг агенција Публицист забележа пад на вредноста на акциите од три проценти откако го претстави својот бизнис план .

Публицист, која е една од најголемите маркетинг агенции во светот, соопшти дека ќе се промовира повеќе како консултантски партнер на другите маркетинг агенции. Според планот, заработувачката на компанијата треба да порасне за 4 проценти во 2020 година, во голема мерка благодарение на работата на одделението за дигитален маркетинг Публицист Сапиент.

 

Реакцијата на европските берзи по претставувањето на планот беше разочарувачка. Трговците со акции проценија дека планот на Публицист не е доволен за оваа агенција успешно да се сноси со Google и Facebook, кои доминираат во областа на дигиталниот маркетинг.

Дополнителен удар за вредноста на акциите на Публицист дојде до најава на Европската унија за воведување данок од три проценти за поголемите дигитални компании.