Постојат 2.470 милијардери во светот, што за е 224 помалку отколку во претходната година. На берзите, во 2018 од средствата на најбогатите луѓе во светот беа избришани 1.000 милијарди од кои на 212 кинески тајкуни кои го изгубија статусот на милијардери, објави најновото рангирање на листата од кинескиот институт Хурун.
Извештајот на Хурун, кинеска верзија на листата на најбогати на Форбс, покажува дека кинеските милијардери, кои беа на 31 јануари лани година, се уште се побројни отколку оние од другите земји во светот.
На листата се наоѓаат 584 милијардери од САД, објави АП.
Повеќето од ултрабогатите доаѓаат од Пекинг (103), потоа следат Њујорк (92) и Хонг Конг (69).
Сепак, иако Кина и другите азиски земји постојано акумулираат богатство, основачот на Амазон, Џеф Безос, продолжува да води на листата на најбогатите втора година по ред, со богатство проценето од Хурун на 147 милијарди долари.
Бил Гејтс е втор со 96 милијарди долари, а Ворен Бафет е трет, со средства вредни 88 милијарди долари, објави Танјуг.
Најбогатиот Кинез е основачот на Alibaba Џек Ма, кој е “тежок” на 39 милијарди долари.
Богатството на Гејтс се зголеми за 6 милијарди долари во 2018 година, и покрај неговиот ангажман во филантропијата, според Хорун.
Единствен ултрабогаташ од Азија меѓу првите 10 најбогати личности во светот се Индиецот Мукеш Амбани од Reliance Industries, со богатство проценето на 54 милијарди долари.
Генерално, во извештајот се вели дека, според ранг-листата на Хурун, во светот има 2.470 милијардери, што е 224 помалку од претходната година.
Нивното богатство падна за 950 милијарди долари од 2017 година – на 9,600 милијарди долари поради турбулентните берзи и силниот долар.
Осцилациите на пазарот зедоа највисок данок во Јапонија, бидејќи Токиската берза изгуби 43 отсто од пазарната капитализација. Дури и Шангајската берза изгуби речиси четвртина од својата вредност, со индексот Хан Сенг. Берзата во Хонг Конг изгуби речиси 16 проценти.