Овој кредит е наменет за вработени во бонитетни фирми одобрени од страна на Банката, државни службеници согласно со Законот за државни службеници, вработените во образованието, полицијата (вклучително и финансиската полиција), армијата, судството и судиите, кои платата ја примаат или ќе се одлучат да ја префрлат во рок од 3 месеци, на сметка во Банката. Вработените на определено во континуитет најмалку 24 месеци пред аплицирање. Исто така, кредитот е наменет за сите резиденти со статус пензионери.

Бескаматниот кредит можете да го одберете доколку:

  • сте во редовен работен однос на неопределено време;
  • имате работен стаж во фирмата најмалку 6 месеци пред поднесување на барањето за кредит;
  • сте вработен на определено во континуитет најмалку 24 месеци пред аплицирање;
  • месечниот ануитет заедно со сите други задршки по кредити  не смее да биде повисок од 50% од месечните приходи на кредитобарателот

Максимален износ кој можете да го добиете е 180 000 МКД и тоа БЕЗ КАМАТА. Рокот на искористување е до 18 месеци.

 

За повеќе информации одбратете се во некоја од флијалите на ЦКБ Банка или на следниов линк.