Се поголемите изгледи некогашниот градежен гигант „Бетон“ да влезе во стечај, и додадоа аргумет плус на Берзата уште повеќе да им ги отвори очите на инвеститорите кои евентуално би решиле да купуваат акции на оваа компанија, објави Фактор.

Пед неколку дена Берзата објави дека ги прпширува причините поради кои „Бетон“ се наоѓа на нејзината Листа на набљудување, токму каде што се наоѓаат и другите компании кои имаат некаква „ситуација“, а поради која инвеститорите треба да бидат внимателни.

Всушност, „Бетон“ на таа листа беше ставен уште на крајот на август годинава, откако компанијата објави дека има блокирана сметка. Но, пред неколку дена потребата од внимателнсот се проширува уште повеќе со поведената претходна постапка за стечај.

„На 08.11.2022 година издавачот Бетон АД Скопје преку СЕИ-Нет објави информација дека од Основниот граѓански суд Скопје е објавено решение за поведување претходна постапка за испитување на условите за отварање стечајна постапка над должникот Бетон.Имајќи го предвид претходно наведеното, донесен е заклучок за проширување на причините за внес на издавачот Бетон Скопје на „Листата за набљудување“, поради причината поведена претходна постапка за испитување на условите за отварање стечајна постапка“, се вели во известувањето од Берзата.