Тие беа информирани да отворат сметка во друга бакна, а рокот истече вчера.

Околу 20.000 пензионери кои имаа сметки во Еуростандард банка нема да добијат на време пензија.

Тие беа информирани да отворат сметка во друга бакна, а рокот истече вчера.

Сите кои не отворија нова сметка, ќе треба тоа да го направат до седми, 14 или 25 септември, што значи августовската пензија ќе ја добијат по тој рок.

Од Фондот за пензиско осигурување велат дека ќе има вонредни исплати во текот на цел септември, но апелираат граѓаните да извадат нова трансакциска сметка што е можно побрзо.