Продажбата на пиво без алкохол е во подем во Велика Британија и низ цела Европа, што се совпаѓа со зголемувањето на бројот на пиварниците за производство на пиво без алкохол и дури отварање на таков бар во Даблин. Продажбата на пиво со ниски и алкохолни стапки во Велика Британија скокна за 28% последните 12 месеци до февруари 2019 година, во споредба со претходната година. Во Германија, околку едно од 15 продадени пива се проценува дека е без алкохол, а Шпанија која е сега најголем потрошувач на пиво без алкохол, има продажба на овие пива од 14% од продажбата на сите пива. Продажбата се зголемува во сите земји кои бараат се повеќе безалкохолно пиво а тука предничат Велика Британија, Скандинавија и Швајцарија.