Пред извесно време најголемата банка во земјава, Комерцијална банка извести дека ја разгледува можноста за присоединување на Стопанска банка Битола. До каде е процесот и доколку се случи, што тоа би значело за банкарскиот пазар, од НБРМ велат дека остануваат на ставот, дека тие како Централна банка, поддржуваат окрупнување во банкарскиот систем, а дали ќе се случи спојувањето зависи од одлуката на двата субјекти.
– Со оглед на големината на нашата економија и според меѓународните стандарди потребно е окрупнување во банкарскиот сектор. Дали ќе се случи, тоа е одлука на два деловни субјекти, а потоа следи инволвираноста на Народната банка, согласно законот за работењето на банките, според кој треба да го одобри тој процес, вели гувернерката на НБРМ, Бежоска
На крајот на септември во две соопштенија на Македонската берза како ценовно чувствителна информација, Комерцијална банка и Стопанска банка Битола најавија дека е можно присоединување на битолската банка, кон водечката банка во земјава. Во двете соопштенија стоше дека станува збор за првични контакти, а не и за било каква одлука.