Народната банка за изминативе месеци забележува зголемена побарувачка на станбените кредити на сметка на останатите кредитни понуди, вели во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, Гувернерката на НБРМ, Анита Бежовска.
„Согласно последно расположливите податоци, кредитирањето на населението продолжува со солидна стапка, но забавена, околу 7 проценти, а најголем раст во рамки на кредитирањето на населението бележат станбените кредити, некаде околу 13%, а потрошувачките кредити забавија на околу 6-7%. Се гледа одредена промена во структурата“, рече гувернерката Бежовска.