Амазон за малку повеќе од 20 години го пројде патот од обична онјалн книжара до интерент гигант.
Вредноста на компанијата во еден момент била повеќе од илјада милијарди долари, а нејзиниот основач Џеф Безос стана најбогатиот човек на светот.
Бројни се причините за успесите на Безос и Амазон, но според основачот една работа била пресудна.
Таа најпаметна работа во историјата на Амазон е всушност промената на начинот на одржување на состаноци, пишува „CNBC“. Пред тие одлуки на состаноците се користеле класични презентации направени во Пуер Поинт. Директорите кои биле присутни на состаноците постојано се брзале со покажувањето на слајдовите, бидејќи имале премногу работа и сакале само да ги покажат слајдовите што е можно најбрзо, пренесува Блиц.
Поради тоа Безос и екипата во потполност ги исфрлиле презентациите и сега на нивните состаноци се користат посебно подготвени документи со важни теми за престојниот работен ден.
Во склоп со новите методи, првите половина час од состанкот се одвиваат во тишина. Сите учесници го читаат тие документи и земаат белешки од најважните работи, а кога ќе ги прочитаат, расправаат за содржината на документите.
Меѓутоа, Безос не е едниствен извршен директор кој ги користи „тивките состаноци“. Сличен метод применува и основачот на Твитер и Сквер, Џек Дорси.
Неговите состаноци започнуваат со десетина минути тишина во текот на кои сите вработени ги читаат плановите во Гугл документи, а своите коментари веднаш ги запишуваат во системот.
Таквиот начин на одржување на состаноци, според Дорси, им овозмжува на сите учесници да „бидат на иста страна“, вработените можат да работат од повеќе локации и „побрзо да размислуваат критички“.