Binance, една од водечките виртуелни трговски берзи за криптовалути, доби инвестиција од Vertex Ventures, подружница за ризичен капитал на државниот инвестициски фонд на Сингапур Temasek. Vertex Ventures, исто така, ќе му помогне на Binance во поставувањето на крипто-размената во градот-држава, стои во соопштението за печатот објавено од државниот фонд денес ( вторник ).
Ниту Binance ниту Vertex Ventures не го наведоа вложениот износ.
“Поважно од тоа колку позајмувате, е од кого позајмувате. Наоѓањето стратешки инвеститор кој искрено сака да ви помогне е клучно прашање “, изјави вчера на твитер – основачот и извршен директор на Binance, Чанпенг Жао.
Vertex Ventures, која е специјализирана за инвестиции во рана фаза, во моментов управува со ивестирани фондови од над 2,5 ,милијарди долари ширум Југоисточна Азија, а со последните заеднички проекти со партнерите се повеќе го истакнува својот интерес кон криптовалутите и блокчејн технологијата.