На денешната прес-конференција, претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски објави дека цената на електричната енергија ќе се зголеми за најмногу 1% од почетокот на 2025 година.

РКЕ ја намалува цената на оваа услуга за да не дојде до ценовен шк од 1 јануари 2025 кога ЕВН Хоме, како универзален снабдувач, ќе ја соопшти својата цена. Од претходно е соопштено дека АД ЕСМ ќе му ја продава струјата на ЕВН Хоме поскапена од 60 на 62 евра по мегаватчас, но и прашање е колкав дел од потребните количини ќе може да задоволи.

-Оној дел којшто е најбитен и кој се однесува на домаќинствата и на најголем број на малите потрошувачи, делот од мрежарина, вклучувајќи го и преносот и дистрибуцијата таму имаме намалување за 7%. Во однос на останатите просечни цени, цената на МЕПСО за пренос на електрична енергија се зголемува за 5,68% пришто влијанието на крајната цена е 4%, цента за дистрибуција на електрична енергија се намалува за 5,52%, влијанието на крајната цена изнесува 33% и цената на операторот на пазарот на електрична енергија се зголемува за 19,8% кадешто влијанието е екстремно мало и изнесува само 0,19%. Значи делот од мрежарината којшто го плаќаат домаќинствата и 90% од малите потрошувачи уште еднаш потенцирам се намалува за 7%. Понатака, по носењето на овие одлуки во текот на следните денови ЕВН Хоме како универзален снабдувач до РКЕ ќе ги достави на контрола цените за домаќинствата и за малите потрошувачи, изјави Бислимоски.