Досега ова што се изгради придонесе да имаме ситуација во текот на денот, кога произведуваат флотоволтаиците особено во пролетните и летните месеци, да имаме сериозна разлика на цените во тој период од денот. Значи, од кај 10-11 часот до кај 16-17 часот и таа цена е некаде три пати пониска отколку цената после 18-19 часот. Сега треба таа придобивка да ја префрлиме и кај граѓаните“, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни ресурси
Правиме анализа кој атреба да покаже дали има потреба и дали ќе има можност да воведеме уште еден час дополнителна евтина струја, која би се проширила од 15 до 16 часот.
Ова во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ) го изјави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни ресурси Марко Бислимовски, посочувајќи дека целта на ова е да испратат сигнал до универзалниот снабдувач ЕВН Хоум и до ЕСМ, во тие периоди кога цената на електричната енергија е најевтина, таа да се купува на берзи, со цел таа ниска цена на електричната енергија да биде во корист на граѓаните.
Според него, тоа ќе му овозможи на ЕСМ, во тие периоди, да прави и заштеди на вода и таа вода да се користи за производство на електрична енергија во периоди кога цената на електричната енергија електричната енергија е далеку повисока.
Инвестицискиот бум во соларна енергија помогна државата да го намали увозот на струја и со тоа може да има намалување на цената на струјата за домаќинствата, но и да биде проширена евтината тарифа. Досега ова што се изгради придонесе да имаме ситуација во текот на денот, кога произведуваат флотоволтаиците особено во пролетните и летните месеци, да имаме сериозна разлика на цените во тој период од денот. Значи, од кај 10-11 часот до кај 16-17 часот и таа цена е некаде три пати пониска отколку цената после 18-19 часот. Сега треба таа придобивка да ја префрлиме и кај граѓаните“,
вели тој.
Минатата година, како што посочи Бислимовски, вовеле два часа евтина струја во периодот од 13 до 15 часот, период во кој, како што рече, гледаат дека цената на електричната енергија е исклучително ниска, дури има и периоди кога со негативни цени.
„Токму од тие причини за еден подолг период, некаде од 2022 па до сега, започнавме да правиме анализа со којашто сакаме да видиме, во период, во секој час, во секој ден од 2022-2023 година па до сега каква е разликата помеѓу тие цени“
рече Бислимовски.
Моментално евтината тарифа на струјата е од 13 до 15 часот. Регулаторната комисија треба да ја одобри новата цена на струјата на крајот на јуни и тогаш ќе се знае дали и колку ќе се намали цената на струјата.