Како што пишува „Business Insider“ криптовалутата „Bitcoin Cash“ значително ја зголемила  својата вредност  во изминатата недела, а во понеделникот растот беше 17%. Така, во последните седум дена зголемувањето на нејзината цена достигна 80%. Како главен  двигател на нагорните движења на цените е претстојната поделба на валутата на две. Процесот наречен „вилушка“ претставува голема девијација во протоколот блокчејн мрежата. Како резултат на тоа, се создава  нова блокмрежа, а со тоа и нова криптовалута. Целта на поделбата е да ја зголеми процесорската моќ на „Bitcoin Cash“.

 

Според Мати Гринспен, аналитичар во платформа за тргување „eToro“, Bitcoin Cash ќе биде поделен на две на 15-ти мај. Планираната „вилушка“ ќе ја зголеми максималната големина на блокот од 8 до 32 MB и исто така ќе го отстрани протоколот „SegWit“.

„Откако поделбата на основната валута ќе стане факт, оние кои се надеваат да добијат од новите монети, ќе бидат разочарани, бидејќи новата дигитална монета целосно ќе ја замени старата“, објасни уште Мати Гринспен.

„Bitcoin Cash“ е четвртата криптовалута според пазарната капитализација – 23 милијарди долари.

Во извештајот насловен „Криптовалутите: минато, сегашност и иднина“, на крајот на март експертите прогнозираа дека „Bitcoin Cash“ може да достигне цена од 2.000 долари до мај 2018-та година, што претставува раст од 130%.

По викендот како целина, вкупната пазарна капитализација на дигиталните валути достигна 400 милијарди долари. Ова е највисоката вредност од почетокот на март. Растот се појавува кај сите водечки криптовалути, при што кај „Bitcoin Cash“ е најимпресивен. На 21-ви април, биткоинот успеа да мине под нивото од 9.000 долари за прв пат во еден месец. Сепак, следните продажби го задржаа растот. Етерот засега исто достигна своевиден врв до околу 640 долари – ниво што на неколку пати се обидува да се пробие без успех.