Оваа недела беа поставени прашања за тоа како Libra ќе се вклопи во постојните финансиски прописи
Фејсбук ги наполна медиумите со веста за создавање своја криптовалута, и компанијата е принудена да го брани својот проект поради регулаторните проблеми околу приватноста и загриженоста дека дигиталните пари може да се користат за нелегални активности, изјави CNBC. Во исто време, Г7 предупредува дека енкрипцијата на Фејсбук може да создаде сериозни правни ризици.
Libra, сепак, ja споредуваат со биткоинот, иако многу експерти се прашуваат дали валутата на Фејсбук може да се нарече криптовалута. Еве ги главните разлики помеѓу двете:
Различни технологии
Една од најголемите разлики е во основната технологија зад двете валути.
Кај биткоинот, трансакциите се снимаат анонимно во таканаречениот блок. Во суштина, ова е база на податоци поддржана од мрежа на компјутери каде што трансакциите се обезбедени на таков начин што практично е невозможно надворешно мешање.
Libra исто така користи форма на блок, кој сепак треба да добие овластувања, што значи дека трансакциите може да ги врши само група доверливи страни.
Затоа е Libra е конзорциум со седиште во Швајцарија, кој ги вклучува компаниите како Виза и Убер. Секој од членовите на здружението вложува најмалку 10 милиони долари во проектот.
“Libra ќе создаде централизирана структура, управувана од асоцијација составена само од големи институции кои го купиле своето право на глас”, коментира Идо Садет Мене, основач и претседател на компанијата за криптовалути Saga Foundation.
Овој модел значително се разликува од мрежата на биткоинот, на која може да се пристапи и да се придружи секој кој има доволно хардвер и пристап до Интернет.
“Криптовалутите се карактеризираат со недостатокот на доверба кон инаку најдоверливите посредници”, напиша во неодамнешниот блог пост Питер Ван Вакенбург, шеф на студијата за криптовалутите.
Различна употреба
Биткоинот се нарекува виртуелна валута за плаќање, која им овозможува на луѓето да разменуваат пари без да користат медијација на банката. Во моментов се користи како форма на инвестиции и често се нарекува “дигитално злато”.
Главната цел на Libra е да се користи во прекугранични плаќања и дознаки. Дигиталната валута на социјалната мрежа ќе биде врзана со кошница од официјални валути и други средства за да се избегнат нагли и волатилни движења често забележани кај криптовалутите како биткоинот и етериумот.
Дејвид Маркус, шеф на Блокчејн одделот на Facebook, веќе изјави дека Libra ќе работи “повеќе како традиционална валута”, отколку како криптовалута.
“Биткоинот и Libra претставуваат различни фази во развојот на валутите и соодветно тоа ќе се случува во практиката поинаку”, коментира Чарлс Хајтер, коосновач и извршен директор на платформата за споредба на криптовалути CryptoCompare. Тој го опиша биткоинот како вршител без официјално одобрение, целосно децентрализиран, дефлационен, а Libra како средство кои има потреба од формално одобрување, поцентрализирана и управувана од понудата и побарувачката и прицврстена кон кошничка од валути.
Различни регулаторни прашања
Фејсбук валутата дефинитивно е во фокусот на вниманието кога станува збор за регулирање на криптовалутите. И клучниот момент е во финансиските посредници, бидејќи според експертите системот без посредници како што е кај биткоинот е систем без посреднички ризик и затоа нема потреба од регулирање, насочено кон заштита против ризиците кои доаѓаат од посредниците.
Libra Association во моментов се состои од 28 членови, и како што се надежите тие ќе достигнат 100 до моментот на пуштање на валутата, што се очекува да се случи во првата половина на 2020 година
Оваа недела беа поставени прашања за тоа како Вага ќе се вклопи во постојните финансиски прописи.
“Независно од сè, ако Facebook и неговите партнери успеат да ги надминат регулаторните пречки, валутата несомнено ќе има огромно влијание врз светската економија, најверојатно ќе го засени биткоинот”, изјави Хајтер од CryptoCompare.