Вицепремиерот додаде дека Државниот трудов инспекторат ќе прави редовен надзор и дека никој нема да остане надвор од прописите кои важат.
Одговарајќи на новинарско прашање, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи рече дека работниците кои „Бехтел и Енка“ ќе ги ангажира за изградба на автопатите од Коридорот 8 и оној помеѓу Прилеп и Битола, ќе бидат дополнително платени доколку работат по 60 часа неделно за американско-турскиот конзорциум.
– Тој член само дава можност да се приближиме до одредени развојни стандарди кои што се употребуваат во градежништвото, а секако, нема да се дозволи нешто надвор од законските прописи кои постојат во нашата држава – рече Битиќи.
Инаку во предло-законот кој се носи по скратена постапока а со кој директно ќе му биде доделен договорот на оваа компанија без претходен тендер предвидено е речиси да нема никакви условувања за контракторот, а во еден од членовите стои дека ангажираните работници ќе може да работат дури до 60 часа неделно.
Вицепремиерот додаде дека Државниот трудов инспекторат ќе прави редовен надзор и дека никој нема да остане надвор од прописите кои важат.