Поранешниот вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи вели дека има простор за домашните производи да ја намалат цената во маркетите, бидејќи како што вели, надвор се продаваат за помала цена.
„Еве јас одам во Бугарија и сфаќам дека наш производ од Македонија во Лидл Бугарија го купувам поевтино во маркетите отколку во Скопје. Тоа не е возможно, не е возможно, тој е тука произведен, не е произведен во Бугарија“, вели пратеникот.
Поранешниот функционер од редовите на СДСМ во емисијата „Daily Click“ на ТВ21 праша до каде ќе оди алчноста во Македонија, бидејќи забележал како ист производ на само 30 километри од Скопје е двапати поевтин.
„Па не може на 30 километри од Скопје да имате ист продукт кој е двапати поевтин, произведен во Германија. Не е возможно, нешто се случува, до каде ќе се оди тука со алчноста?“, рече Битиќи.