Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи најави дека денеска на Влада ќе биде поднсено законско решение за Законот за плати на избрани и именувани лица, за поправедено решение, со кое ќе бидат ослободени дел од средствата за антикризни мерки за најранливите категории граѓани.
-Минатата недела Владата донесе одлука и не задолжи работна група од четири министри за нови антикризни мерки. Утре ќе дадеме и законско решение за Законот за плати на избрани и именувани лица, за поправедено решение, со кое ќе ослободиме дел од средствата за антикризни мерки за најранливите катерогии, бидејќи тоа е клучно во временски периоди кога сите треба да покажеме солидарност, најави синоќа Битиќи во гостувањето во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24.
Тој нагласи и дека со пренамената на буџетот ќе има нов пакет на антикризни мерки од околу 70 милиони евра кои ќе бидат наменети за најранливите категории на граѓани.
-Остануваат денови до обзнанување на новиот пакет мерки, рече Битиќи, и нагласи дека оваа Влада предводена од СДСМ поинаку ги сфаќа ранливите категории и креира мерки таргетирани за нив.