Министерството за финансии вчера потврди дека предлог законите за днокот на солидарност и за даночните реформи, кои без повлечени од Собрание на доработка во Владата ќе се вратат во законодавнио дом, но со европско знаменце.
Владата не се откажува од намерите да воведе солидарен данок со кој сите фирми кои изминатата година оствариле приход од над 10 милиони евра ќе треба да платат еднократна јавна давачка, иако бизнис заедницата преку Стопанската комора неколкупати алармираше дека евентуалното носење на вакви реформи негативно ќе влијае на бизнис-климата во земјава.
Вицепремиерот Фатмир Битиќи на прес-конференција изјави дека Владата се одлучила на овој чекор поради односот на опозицијата кон овие предлог-закони и покрај апелите на бизнис заедницата да не се злоупотребува европското знаменце за оваа процедура.
„За жал немаше слух во Собранието за да се донесат овие закони и секоја понатамошна одлука за овие закони, но и за сите други ќе бидат одговор на неразумно однесување како што направивме со законите за ‘Бехтел и Енка’, бидејќи граѓаните немаат време за чекање“, рече Битиќи.
Стопанската комора вчера побараа целосно повлекување на предлог-законот за данок на солидарност и кажаа дека многу силно ќе се спротистават на евентуална употреба на европското знаменце за носење на вакви закони.
Според Стопанската комора ваков вид оданочување ќе создаде негативната бизнис-клима, но и можноста со овие закони да се влијае на мотивацијата на странските инвеститори кои би сакале да инвестираат во земјава.
„Имаме впечаток дека овој механизам се употребува и кога навистина се европски законите, но и кога за тие закони нема општ консезус во државата, па сега се употребува страничен механизам за да се злоупотреби целата работа“, изјавипотпретседателот на Стопанската комора, Антони Пешев.
Јован Деспотовски директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони смета дека воведувањето на ваков данок нема да влијае на странските инвеститори бидејќи плаќањето ќе биде еднократно, а негова единствена замерка е зошто навремено не било кажано носењето на ваков данок.
На почетокот на оваа година Владата најави дека ќе донесе Закон за данок на солидарност со кој сите фирми кои изминатата година оствориле приход од над 10 милиони евра ќе треба да платат еднократна јавна давачка, по стапка од 30 отсто на разликата во добивката во однос на претходните три години. Според Владата од овој данок ќе соберат 90 милиони евра од околу 200 компании кои го исполнуваат предложениот услов.