Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи кажа дека кога ќе се погледне структурата на економијата, економијата не е водена од Владата или државата и не може да се заборавиме глобалниот контекст дека кризата постои и не е само во нашата земја. Тој во гостувањето во Алсат телевизија истакна дека годинава странските директни инвестиции се подобри и се на ниво од 528 милиони евра.

-Има само една година во изминатите десет години подобра од оваа, а тоа е 2018 година. За наредната година веројатно се прават проекции, но не можете да имате предвидливост, не може да знаете како ќе се одвива војната во Украина, не знаеме какви ќе бидат залихите со гас во Европаа а наредната зима и од каде ќе се полнат залихите за гас. Сите стравуваат, но економијата има целосен предизвик и не сакам да полемизирам, но треба да ги видиме факторите кои влијаат на инфлацијата, истакна Битиќи.