(Време за читање- 6 минути)

Пред речиси 10 години, поточно на 18 Август 2008 година, само еден ден пред мојот 26 ти роденден беше создаден и пуштен (Bitcoin.org ) името на домејн. Јасно се сеќавам на овој ден, бидејќи пред само помалу од еден месец имав аплицирано за работа на Брод.  Вечерта добив електронска пошта дека треба да се качам на 8 Септември во Њујорк. Ако знаев тогаш за Биткоин , и колку големо влијание ќе има денес, веројатно ќе вложев многу пари во него. Но, во секој случај, тоа не се случи, дознав многу покасно и да се вратиме на темата.

На 31 Октомври истата година Сатоши Накамото (непознато лице или група на луѓе), го објави својот труд на мејлинг листата криптографија (metzdowd.com) со опис на Биткоин дигитална валута. Тоа беше насловено: ” Биткоин ,електронски кеш систем”.

Во Јануари 2009 Накамото го објави првиот Биткоин софтвер кој ја лансираше мрежата, а првите единици беа наречени биткоини . Накамото тврдеше дека започнал да работи во 2007 година и продолжил да соработува со други развивачи до 2010 година. Каде во 2010 година ја предал контролата на изворниот код и клучот за мрежно предупредување на Гевин Андресен (развивач на софтвер) , пренесол неколку сродни домејни до различни истакнати членови на заедницата на Биткоинот и го прекинал неговото учество во проектот. Идентитетот на Накамото никогаш не бил пронајден, иако тврдел дека тој е 37-годишен маж кој живеел во Јапонија. Но, многу луѓе шпекулираа дека тој нема никаква врска со Јапонија, поради неговиот совршен англиски јазик и фактот дека софтверот Биткоин никогаш не бил документиран или етикетиран на Јапонски. Јавниот Биткоин трансакциски дневник покажува дека познатите адреси на Накамото содржат околу еден милион биткоини . Почнувајќи од 17 декември 2017 година, ова е приближно во вредност од над 19 милијарди долари. Што го прави Накамото 44-ти најбогат човек на Земјата. Сè уште постојат сомневање за вистинскиот идентитет на Сатоши Накамото .

Се верува дека вредноста на првата Биткоин трансакција била 10.000 Биткоини за две пици од познатата Пицерија ПапаЏон. Во текот на следните три години Биткоин ќе стане уште попопуларен и ќе има многу пресвртници.

На 6 Август 2010 година е забележана првата ранливост во протоколот Биткоин. Оваа ранливост беше експлоатирана на 15Август, каде преку 184 милијарди Биткоини беа генерирани во трансакции и биле испратени до две адреси во мрежата. Сепак, овие трансакции биле откриени веднаш и избришани, откако грешката во системот беше исправена. Ова беше единственото големо нарушување на безбедноста во историјата на Биткоинот .

Раст на Биткоин :

2011 – Многу организации како:Фондацијата  Електронска Граница, Викиликс и многу други започнаа да го прифаќаат Биткоинот како платежно средство.До овој момент се создадени над 5 милиони биткоини, но сеуште е далеку под 21 милион. Помеѓу 2011 и 2012 година се отвораат многу нови пазарни места како што се повеќе и повеќе луѓе почнуваат да дознаваат за Биткоин . На 2 Јуни цената на Биткоинот достигнаува 10 $.

2012 – Вредноста на Биткоинот почнува дарасте. А со растењето на вредноста расте и бројот на хакери, криминалци кои сите сакаат парче од колачот наречен Биткоин.

Така, на 1 Март 2012 година се украдени околу 50.000 Биткоини преку нарушување на безбедноста на Веб домејнот на Линод (Linode). Ова ги натера луѓето да сфатат дека Биткоин има многу голема вредност и го направи уште повреден. За жал, ова нема да биде единствената кражба на Биткоини за време на неговото постоење, но ова била најголема во овој момент, а исто така направи многу луѓе да го забележат Биткоинот.

Во Септември 2012 година се формира Фондацијата Биткоин . Во текот на претходните две години се одржаа многу конференции за Биткоин, но не постоеше Фондација. Оваа Фондација беше формирана со цел да може да го стандардизира, заштити и промовира Биткоинот во целиот свет.

2013 – Биткоин почнува навистина да ја зголемува својата вредност. На 28 Март пазарната цена достигнува 1 милијарда долари и со ова Биткоинот го привлече вниманието на многу луѓе. Првиот Биткоин банкомат се појавува во Сан Диего, Калифорнија, на 2 Мај.

Ноември е месец на големи промени за Биткоин . Од март до ноември цената на Биткоинот помина од 47 $ до неверојатни 1072 $ за еден Биткоин . На 18 Ноември, Американскиот Сенат одржува сослушување за Биткоин под името: “Надвор од границите на патот на свилата” – потенцијалниризици, закани и ветувања за виртуелните валути.

Многу од учесниците и сенаторите се согласуваат дека Биткоинот има иднина.

19 Ноември – Биткоин трансакциите го надминуваат Вестерн Јунион.

20 Ноември – Народната Банка на Кина го прифаќа Биткоинот. Г-дин Јиистакнат член на Кинеската Народна Банка на еден економски форум вели дека “луѓето се слободни да учествуваат на пазарот Биткоин ” и дека “лично ќе усвои долгорочна перспектива на валутата”.

22 Ноември – компанијата Вирџин Галактик на Ричард Бренсон го прифаќа Биткоинот како платежно средство.

29 Ноември – најголемата Манувачница на Биткоин  Мт. Гокс , ја регистрира најголемата вредност на Биткоинот – 1242$ за еден Биткоин. Сето ова е резултат на големите Биткоин инвестиции во Кина. Кинеските граѓани ја прифаќаат слободата што ја обезбедува Биткоин со отворени раце.

После овој раст на Биткоинот следуваат многу забрани, правила и кражби, со што неговата цена драстично се намалува.

5 Декември – Кинеската влада им забранува на финансиските институции да го користат Биткоинот. Народната Банка на Кинагипоставува првитеограничувања на Биткоин .

Тие проглaсуваат дека измислениот Сатоши Накамото (Биткоин) не претставува валута. Кинеската влада и забранува на секоја финансиска институција да тргува, да осигурува или да нуди услуги поврзани со Биткоин. Во текот на следните неколку недели поставува уште повеќе ограничувања и  полека ги задушува Кинеските крипто пазари. Цената на Биткоинот околу светот почнува да паѓа.

За само 10 дена цената ќе се намали на 839$ за Биткоин.

Почетокот на 2013 беше одличен за Биткоин и инвеститорите, но на крајот од годината инвеститорите ги губат своите пари, додека цената продолжува да опаѓа и во 2014 година.

2014 –  DDoS напади ( Distributed Denial of Service), измамите и кражбите се зголемуваат . Биткоинот постанува попривлечен за хакери и криминалци.

7 Февруари – Мт. Гокс најголемата менувачница во светот, Битстемп и БТК сите доживуваат прекин во тргувањето поради масивни DDoS напади. Сепак, само Мт. Гокс го прекинал повлекувањата на пари најпрво на 6 Февруари, што резултираше со пад на цената на Биткоинот. DDoS нападот е откриен на 11 февруари, а на 24 Февруари Мт. Гокс менувачницата се затвора. Откако ќе го прекинат повлекувањето на пари на 6 Февруари, тврдејќи дека хакер го експлоатирал нивниот лош софтвер преку напади, размената и трговијата на Биткоини во нивната менувачница престанува.

На Веб-страницата Мт. Гокс се затвора без официјално објаснување. Многу менувачници и бизниси од Биткоин издаваат заедничка изјава за лошото управување и измама на Мт. Гокс. Подоцна протекуваат документи дека повеќе од 744.000 Биткоини се изгубени од страна на компанијата. Цената на Биткоинот за два месеца падна од 1242$ на 547$ по биткоин ,што е повеќе од половина.

6 Март – Весникот ‘’Њузвик’’ тврди дека Дориан Накамото е човекот кој го измислил Биткоинот.  Цената во овој момнет изнесува 662$. Светот го свртува своето внимание на Дориан Накамото (невработен инженер во Темпл Сити, Калифорнија). Доријан негира било каква вмешаност со Биткоин.

26 март- IRS (Службата за внатрешни приходи) на САД изјавува дека Биткоинот треба да биде оданочен, како имот а не како валута. Оваа одлука е многу комплексна и во рок од 10 дена цената ќе се намали на 453 $.

ПРОДОЛЖУВА….

Ви благодарам што читавте

Следете ме на Фејсбук :http://bit.ly/2zDUBpp

Регистрирајте се на мојо тблог : https://darkokipariz.blogspot.com/