(Време за читање 6 минути)
Една од најчестите работи што ги слушате за криптовалутите е копање на криптовалути или рударство. Особено копањето на биткоини. Значи, што е копањето и како тоа работи? Дали можете да профитирате, или е само мит? Продолжете да читате, ќе се обидам да Ви објаснам на наједноставен начин што е претставува рударството или копањето на биткоини. Постојат доста технички објаснувања за копањето, но нема да навлегувам во техничкиот дел многу. Тоа ќе го оставам за некој технолошки блогер. Во следните 2 статии, ќе се фокусирам на копањето на Биткоини, како функционира и дали може да профитирате од него.
- Што еБиткоин рударство или копање?
Копањето Биткоини е процес преку кој трансакциите се верификуваат и се додаваат во јавната книга или блокчејнот. Секој човек кој има интернет конекција и соодветен хардвер може да учествува во копањето биткоини. Самиот процес на копање вклучува организирање на неодамнешните трансакции во блокови, преку решавање на сложени математички проблеми. Лицето кое ќеги реши овие проблемиќе биде наградено со биткоини. Износот на биоткоини е ограничен на 21 милион. И до денес има над 12 милиони ископани биткоини. Повеќе рудари, побрзи трансакции и помалку измами. Затоа рударите се компензираат за напорната работа. За секојат рансакција рударот добива мал надомест или добива плата за таа трансакција.
Звучи профитабилно? Па, не баш. Сатоши Накамото, лицето кое го измисли Биткоинот, сакаше бројот на минимирани биткоини да остане постојан, без разлика колку рудари ќе се приклучат на мрежата.Затоа тежината на копање се зголемува бидејќи повеќе рудари се приклучуваат на мрежата. Назад во 2009 година, можевте да ископате 200 биткоини за неколку дена, со помош на вашиот персонален компјутер.
Во 2014 година ќе ви требаа 98 години за само еден биткоин. Тоа е причината поради која биле измислени ASIC (Специфични интегрирани кола за апликации) или супер компјутер само за да копа биткоини. Но и покрај супер компјутерот ако копате сам биткоини е доста тешко. Со таа цел се измислија рударски базени (заедничко копање) каде што голем број на поединци се здружија за да се справат со растечката тежина на копањето и секој рудар добива процент за неговото учество. На овој начин се произведуваат биткоините преку копање.
Износот на нови издадени биткоини со секој миниран блок се нарекува блок награда. Наградата за блок се преполовува на секои 210.000 блокови, или приближно на секои 4 години. Наградата за блок започна со 50 биткоини во 2008 година, 25 во 2012, 12.5 во 2016 и ќе продолжи да се преполовува на секои четири години се до 2140, кога последниот Биткоин ќе биде ископан. Многумина од крипто експертите шпекулираат и предвидуваат дека дотогаш цената на биткоинот ќе биде многу висока, едноставно затоа што понудата на биткоинот станува се помала а побарувачката се поголема.
Да почекаме и да видиме што ќе донесе иднината.
Ова е многу едноставно објаснување за копањето биткоини и како тоа функционира. Ова е начинот на кој копањето работи за повеќето монети.
Сепак, Етериум наводно, се префрла на доказ за рамка за влогови кон крајот на оваа година, што значи дека копањето Етериму би можело да не биде повеќе релевантно. Ова исто така може да доведе до зголемување на цената на Етериумот.
Доколку сакатеда дознаете повеќе за тоа како работи рударството од техничкиот дел, секогаш можете да ме контактирате и со задоволство ќе венасочам каде можете да ги најдете овие информации.
Како што споменав претходно мојата главна цел на оваа статија е дали можете да остварите профит од копањето? Сигурно дека да.
Постојат 2 главни начини на кои можете да копате биткоини.
- Можете да купите опрема за копање и да започнете да копате во својот дом
- Можете да се приклучите со други организации и да започнете со копање и заработка
Да ги погледниме некои од предностите и недостатоците:
- Копање од дома
Прво што треба да направите е да набавите софтвер како(bitcoinclient) за вашиот компјутер. Вчитувањето на овој софтвер може да трае подолго во зависност од вашата интернет конекција.За време на вчитувањето вашиот компјутер ќе ги преземе сите блокови на сите трансакции, набавки и трансфери откако биткоинот бил измислен. Постојат повеќе од 20 GBблокови. Ова е прва пречка.
Втората работа што треба да направите е да купите рударски хардвер.
Постојат три главни хардверски категории за копање биткоини: GPU, FPGA и ASIC.
GPU графичките картички се дизајнирани за решавање на тешки математички проблеми. Ова ги прави многу добри за копање на коини. Овие единици може да се користат за копање на други криптовалути како на пример лајткоин. Копањето на Биткоини стана потешко и откако се појавија специфични интегрирани кола за апликации – ASIC, графичките картички едноставно не можат да се натпреваруваат со нив.. Графичките картички се добри за рударство за други алткоини.
FPGA (FieldProgrammableGateArray) се прилагодени за копање. Тие нудат подобрени перформанси на копмпјутерскиот и графичкиот процесор. Тие можат да работаат со околу 750 Мегахаш во секунда.
ASIC (Специфичниинтегрирани кола за апликации) се специјално дизајнирани да направат само едно нешто: копање биткоини со екстремна брзина, со релативно ниска потрошувачка на електрична енергија. Овие чипови, бидејќи се специјално дизајнирани за копање, нивните единици се скапи и одземаат време за производство. Но нивните брзини се неверојатни, некаде од 5-500 Гигахиши во секунда.
Хашот е многу важен кога ќе копате биткоини. Хаш е бројот на пресметки што вашиот хардвер може да ги направи секоја секунда, бидејќи се обидува да го реши математичкиот проблем. Колку е поголема вашата стапка, толку е поголема веројатноста да се реши трансакцијата.
Целата оваа хардверска опрема која што треба да ја купите доколку сакате сами да копате биткоини троши многу електричнаенергија. Секогаш мора да ја разгледате потрошувачката на енергија која ќе ја искористи хардверот. Затоа што не сакате да ги потрошите сите ваши пари на електрична енергија за монети кои нема да бидат во вредност од она што го плативте за таа енергија. Можете да пресметате колку хашеви добивате за секој потрошен ват на електрична енергија што ја користите. За да го направите ова, едноставно поделете го бројот на хаш со бројот на вати.
Пред да започнете, мора да ги добиете сите потребни информации и да ја пресметате проектираната профитабилност на копањето. Постои одличен калкулатор за профитабилност за копање што можете да го искористите: ( https://tradeblock.com/bitcoin/mining/ ). Можете да внесете параметри како што се трошоците за опремата, хаш-стапката, потрошувачката на енергија и сегашната цена на биткоинот, да видите за колку време ќе успеете да ја вратите вашата инвестиција. Друг важен фактор што мора да го земете е дека опремата со која што копате со тек на време застарува. Значи, ќе мора да ја обновите опремата по година или две, доколку сакате да бидете во тек.
Ова се чекоритешто мора да ги земете во предвид пред да одлучите сами да копате. Немојте да бидете изненадени ако копањето е понепрофитабилно. Побарајте некои други монети кои може да ги копате и можеби тие монети би биле попрофитабилни од биткоинот. Ако се решите да копате некои други монети кои штотуку започнуваат, ова може да биде добра инвестиција за во иднина. Вие ќе бидете чекор напред и за неколку години доколку цената на таа монета се зголеми, Вие ќе имате ископано доволен број на монети за добар профит.
Во следната статија ќе се фокусирам повеќе на рударските базени каде што може да се приклучите и копате. Кои според мое мислење се поефикасни.
До следната статија
Останете безбедни во криптовиот свет
Ви благодарам што читавте
Регистрирајте се на мојот блогhttp://darkoonlinetips.blogspot.com/
Следетеме на Фејсбукhttp://bit.ly/2zDUBpp