(Време за читање 6 минути)

Во претходната статија ги опфатив основните работи во врска со Биткоин рударството (копањето) што претставува и начинот на кој можете да копате. Првиот начин беше да започнете да копате сами, да ја купите целата потребна опрема и да започнете со копање од вашиот дом. Доколку  сакате да копате индивидуално, тоа и нема да биде многу профитабилно, освен ако се решите за некоја валута која е во нејзиниот зачеток. Но сепак ова зависи и од цената на Биткоинот. Ако цената порасне, ова може да биде добра инвестиција. Денес ќе се фокусирам на рударските базени, кои според мое мислење се многу подобри во однос на индивидуалното копање.

 

Прво да видиме што се рударските базени?

 

Рударските базени се групи на рудари (луѓе) кои работаат заедно на копање биткоини и ги делат наградите врз основа на хаш-стапката. Откако блокот на блокчејнот ќе биде успешно ископан, дел од наградата потоа се доделува на членовите на базенот кои ќе презентираат валиден доказ за работа за нивната улога во копањето на блоковите. Во основа базенот е како клуб или заедница на рудари (луѓе) кои работаат заедно. Овој концепт на здружување започна кога тешкотијата на рударството се зголеми до таа точка, каде што за еден рудар би биле потребни месеци или години да генерира еден единствен блок.

Постојат два вида на рударски базени кон кои може да се приклучите:

 

  • Рударство на облакот (Cloud mining)
  • Базен рударство (Mining Pool)

 

Облак рударството е процес каде купувате процесорска моќ од одредени центри за податоци, кои ја користат својата сопствена опрема за копање биткоини и други монети во ваше име. Предноста на ова е што не треба да имате многу знаење за рударскиот хардвер. Многу од компаниите ја изнајмуваат својата сопствена опрема или ја изградиле поевтино и ги поставиле своите центри за податоци во земји како што се Исланд и Кина, каде електричната енергија е евтина и вам ви ги пренесуваат заштедите. Уште една добра работа е дека повеќето од нив имаат структура како компанија за интернет продажба, каде можете исто така да заработите пари доколку упатите други членови да се запишат под вас. Со тоа вие добивате процент. Еве некои од најдобрите компании каде можете да се приклучите:

 

  • Genesis Mining

 

Genesis е една од најстарите и најголемите компании за копање на облакот. Тоа е компанија  каде што центрите за податоци се базирани во Исланд, каде што има евтина геотермална енергија. Тие нудат  рударски договори не само за Биткоин, туку и за сите поголеми криптовалути . Постојат и одредени такси. Договорите може да ги погледнете на нивната веб-страница.

 

  • Hashnest

 

Hashnest беше лансиран во 2014 година од страна на Bitmain, кој е светски познат производител на рударски хардвер ASIC. Bitmain исто така го поседува и најголемиот рударски базен Antpool. Додека Bitmain се наоѓа во Кина, Hashnest има рударски фарми низ целиот свет. Hashnest, исто така нуди различни рударски договори.

 

  • Hashflare

 

Hashflare е дел од Hashcoins, уште еден производител на Bitcoin рударска опрема, компанија која е на пазарот за рударска опрема од 2013 година. Hashflare ви нуди можност за купување на hashpower за Bitcoin, Litecoin, Ethereum и ZCash. Вие исто така можете слободно да изберете свој рударски базен. Во моментов Hashflare нуди договори замо за Bitcoin и Litecoin во времетраење до 12 месеци. Претходно, рударските договори беа неограничени. Ова може да ви ја отежне можноста да остварите профит на вашата првична инвестиција.

 

  • Hashing24

 

Тимот Hashing24 тврди дека бил вклучен во биткоин рударството од 2012 година, иако самата веб-страница постои од 2016 година. Се чини дека компанијата нема свои центри за податоци, туку соработува со провајдери на големи имиња како BitFury за закуп на хаш моќ на клиентите. Hashing24 се споменува на веб- страницата на BitFury. Откако ќе се регистрирате можете да купите договори за рударство (копање) само за период од 36 месеци.

 

 

Ако сакате да копате со некои од овие компании, тоа може да биде доста профитабилно, поради фактот што имате и процент доколку упатувате или запишувате други луѓе . Колку повеќе луѓе ќе се регистрираат под вас, толку повеќе пари ќе можете да заработате. Ако размислувате да се придружите на некој од рударските базени на облакот, мора да ги земете во предвид сите фактори, како што се: надоместоците, цената и должината на договорите, планот за компензација, репутацијата на компанијата, пресметајте колку време ќе ви треба за да ја вратите првичната инвестиција. Не скокајте веднаш. Ако сакате некои подетални информации за базените, секогаш можете да ме контактирате и јас со задоволство ќе ве насочам каде можете да ги најдете овие информации. Исто така имајте во предвид дека постојат голем број на компании кои не се легитимни и кои може да ве измамат.

Рударски базени

 

Додека со облак рударството купувате договори за hashing (процесорска моќ )од  одредена компанија или и плаќате на одредена компанија  да копа за вас и вие добивате награди, во рударските базени купувате опрема за рударство. Различни рударски базени имаат различни понуди. Машинската опрема исто така е на оддалечено место, во зависност од тоа каде е лоцирана таа рударска фарма. Во овие компании исто така можете да упатувате или запишувате луѓе под вас, што е добар начин за екстра заработка. Придобивките од рударството сами по себе не се лоши, но тие се бавни. Вистинските пари се во запишувањето на луѓе. Тоа значи дека мора да имате некои вештини и знаења за тоа како да запишувате други луѓе. Ако сакате да знаете нешто повеќе за ова, не двоумете се да ме контактирате и со задоволство ќе ви објаснам како се прави тоа без да бидете многу нападни.

 

Постојат околу 20 големи рударски базени во светот кои се поделени според процентот на хаш моќта контролирана од страна на базенот и локацијата на компанијата на тој базен.  Кинеските базени контролираат 81% од хаш-стапката на мрежата, Исланд 5%, Јапонија 3%, Чешка 3%, Грузија 2% и Индија 2%.

 

Еве ја листата на најголемите рударски базени:

 

  • Antpool

 

Е со седиште во Пекинг Кина и е во сопственост на Bitmain Technology Ltd. Antpool  копа околу 19% од сите блокови и е конзистентен врвно рангиран во листата на рударски базени.

 

  • BTC.com

 

Вториот по големина рударски базен кој произведува максимален број на биткоин блокови по AntPool во текот на изминатите шест месеци, е BTC.com. Тој генерирa околу 16,5% биткоин блокови. Базенот започна со работа во септември 2016 година, а во моментов е во сопственост на Bitmain Technologies Ltd., истата кинеска фирма која го води AntPool .

 

 

BTC.com ја поддржува целосната методологија за исплата на акциите (FPPS). Корисниците тврдат дека ова е поповолно за рударите бидејќи се пресметува и додава стандардната трансакција за регуларните блок награди, со што севкупната исплата е поголема од стандардната исплата на исплата по акција (PPS). Таа во моментов одржува хаш моќ од 5.88 Exahash во секунда (EH / s).

 

  • TOP

 

Носителот на третото место е BTC.TOP, а во изминатите шест месеци ископува нешто повеќе од 13% од вкупните биткоини. Во август 2017 година, базенот ја понуди опцијата за копање на  BitcoinCash (BCC), во прилог на Bitcoin. Хаш моќта на базенот е во опсегот на 3100 Petahas во секунда (PH / s)

  • ViaBTC

Четврти на листата е ViaBTC, разновиден базен кој нуди опции за копање различни видови на криптовалути, вклучувајќи Bitcoin, Bitcoin Cash, Litecoin, ETH, ETC, ZEC и Dash. Во текот на изминатите шест месеци, ViaBTC генерираше околу 11,5% од вкупните биткоин блокови, а во моментов има издржлива хаш моќ од 2,772 Exahash во секунда (EH / s) за својот биткоин рударски базен.

 

  • Slush

 

Еден од најстарите рударски базени, Slush pool го завзема петтото место за копање на најголем број биткоин блокови. Тој започна во декември 2010 година и оттогаш има ископано над 1 милион биткоин монети. Успеа да собере околу 9% од вкупните биткоини, ископани во текот на последните шест месеци. Тој има хаш моќ од околу 2.342 Exahash во секунда (EH / s).

 

Ова се топ 5 рударските базени кон кои можете да се приклучите и да започнете со рударството. Бидејќи рударството е динамична активност, бројот на блокови откриени од одреден базен, може да се промени врз основа на активноста на базенот и различните тешки нивоа на рударството.  Еве листа од останатите врвни базени:

 

BW Pool, Bitclub Network, BitFury, Waterhole, Dashminer, P2Pool, Multipool, ZPool …

Базените за рударството веќе неколку години се доста профитабилни. Здруженото рударство стана значително популарно во последниве неколку години. Можете да видите голем број на луѓе кои ги промовираат базените на интернет. Не скокајте веднаш во некои од базените. Постојат многу измами и лажни базени. Погледнете ја репутацијата на таа компанија, плановите за надомест, таксите, видовите на договорите (како е нивниот платен план), за колку време ќе ја вратите вашата првична инвестиција. Секогаш имајте на ум дека рударството може да биде многу непредвидливо и флуктуирачко  и дека никој не може да ви ја каже точната сума на пари што ќе ја добивате на дневна основа од копањето. Вие не можете тоа да го контролирате, без оглед на тоа колку хаш моќ се додава за да се зголеми компјутерската моќ на рудникот, плус сложеноста на рударството секогаш се зголемува. Секогаш бидете внимателни, бидете безбедни. Не верувајте што велат другите, особено некои од промотерите на интернет. Ова е многу добар начин да заработите екстра пари, ако научите како да играте безбедно. Тоа е бавен процес, но вреди.

 

 

До следната статија…..

Ви благодарам што читавте

 

Регистрирајте се на мојот блог     http://darkoonlinetips.blogspot.com/

Следете ме на Фејсбук                    http://bit.ly/2zDUBpp