Криптовалутата опадна за скоро 15% во минатата недела – најголем пад за пет дена од ноември

Најпопуларната дигитална валута ја доживува својата најлоша недела од почетокот на годината, додека и остатокот од пазарот на криптовалути не може да се пофали со подобри перформанси.

Биткоинот опадна за скоро 15% во последната недела – негов најголем пад за пет дена од ноември. По 20:30 часот, валутата се тргуваше за 10.498,49 долари, што претставува раст од 4,9%. Сепак, порано во текот на денот, достигна ниво до 10.145 американски долари.

Крипто-индексот на Блумберг опадна за 12% за пет дена – тоа е најлошото остварување за четири недели.

„Луѓето мислеа во одреден момент минатата година дека криптовалутите ќе се претворат во сигурна трговија“, рече Мет Мали, стратег во Милер Табак + Ко. „Криптовалутите губат дел од својата слава како безбедно средство“, додава тој.

Прогнозите исто така не се многу оптимистички. За Биткоинот да го промени трендот, неговата цена ќе треба да се искачи над последното високо ниво од 12.316 американски долари на 6-ти август. Секое друго зголемување што нема да го надмине овој праг само ќе го зацврсти трендот.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк