Најпопуларната криптовалута биткоинот повторно ја зголемува својата вредност приближувајќи се до својот историски максимум од 58.112 долари, вредност што ја достигна на 21-ви февруари годинава.
Биткоинот во моментов вреди 54.300 американски долари, што е за повеќе од 7 проценти од вчерашната вредност којашто ја достигна.
Пазарната капитализација во втор пат во историјата ја надмина границата од една милијарда американски долари, а тоа претходно се случи на 19-ти февруари.
Најпознатата криптовалута ја зголеми својата вредност за повеќе од 80% тековната 2021 година, и за неверојатни 570% во последните дванаесет месеци.
Порастот на вредноста на биткоинот се должи на неколку фактори кои влијаеа врз неговата цена, вклучително и учество на поголеми институционални инвеститори и некои значајни набавки од корпорации како „Tesla”, „Square” и „MicroStrategy” кои вложија во најпознатата криптовалута.