Биткоинот денес падна на најниско шестмесечно ниво, откако централната банка на Кина воведе нови мерки за борба против криптовалутите.
Биткоинот, најголемата светска криптовалута, падна за девет проценти на 6.929 американски долари, што е најниско ниво од мај, пренесува Ројтерс.
Народната банка на Кина денеска соопшти дека ќе се бори против зголемениот број случаи на незаконски активности кои вклучуваат криптовалути.
Исто така, ги предупреди инвеститорите да не ја мешаат крипто-технологијата со блокчејн технологијата, дигиталниот регистар на многу криптовалути, како што е биткоин.