Цената на биткоинот достигна нов рекорд, па во 20:59 часот цената на оваа криптовалута изнесуваше 77.276 долари.

Најпознатата криптовалута претходно порасна за повеќе од 10 отсто веднаш откако Трамп обезбеди втор мандат во Белата куќа, а републиканците го освоија Сенатот, со големи шанси да победат во Претставничкиот дом, пренесува Танјуг.

Зголемувањето е најголемо од претходниот скок во март, кога инвеститорите беа израдувани од приливите во фондови кои ја следат цената на биткоинот на американските берзи.