Биткоинот повторно паѓа и денес, до 35.550 долари. Овој пад продолжува трет ден по ред!

Во последните три дена, биткоинот изгуби над 6.000 долари и ова преставува загуба од над 14,6%.

Оттука, продолжува универзалното правило на ценовните балони кај секоја шпекулативна категорија. Јас и претходно пишував, дека биткоинот по својата природа е шпекулативен и наглите порасти на цените не се ништо друго освен „збирање на медот“ од страна на големите и стари шпекулатори т.е. неговите креатори. До каде ќе оди овој пад, останува да видиме, но следејќи ги случувањата, гледаме дека се книжат големи загуби, особено кај институционалните инвеститори.

 

Наум Димитровски