Биткоинот вчера достигна 11.328 долари по веста дека непознат инвеститор меѓу 9 и 12 февруари купил биткоини во вредност од 344 мииони долари.
Најпознатата крипто валута достигна 11.000 долари, со што речиси двојно ја зголеми вредноста откако претходно овој месец се намали на 6.000 долари.
Биткоинот вчера достигна 11.328 долари по информацијата дека непознат инвеститор во периодот меѓу 9 и 12 февруари купил биткоини во вредност од 344 милиони долари.
Купувањето се случило по големата распродажба, која избришала повеќе од 50 отсто од вредноста на пазарот на крипто валути, поттикната од шпекулациите за се поголема регулација и безбедносни предизвици.
Биткоинот се намали од 20.000 долари во декември минатата година и достигна 6.000 долари на 4 февруари. Меѓутоа, по информацијата за рекордно купување и други инвеститори вложиле во крипто имот.