Расте вредноста на биткоинот. Тој за 36 часа скокна за 6.3 отсто.

Биткоинот утрово се тргува по цена од 34.325 долари. Тоа е скок за 11,4  отсто во последната недела, покажуваат податоците од веб-страницата „Коингеко“.

Етереумот, втората најпозната криптовалута во светот, ја зголеми вредноста за 3,7 проценти во последните 24 часа се тргува по цена од 2.160 долари, односно има раст за 14,5 проценти во последната седмица. И другите криптовалути во последните 24 часа имаат зголемување на вредноста. Оваа година криптовалутите имаат доста турбуленции.