Цената на биткоинот падна вчера за 17 проценти, што предизвика распродажба на пазарите со криптовалути, бидејќи инвеститорите станаа нервозни поради рапидниот астрономски пораст на неговата цена, а акционерите на берзата со кратки позиции беа решени да го искористат моментот за профит.

Најпознатата криптовалута во светот претрпе најсилен дневен пад во последниот месец, паѓајќи на 45.000 долари, пренесува Ројтерс.

Како резултат, падот на оваа дигитална валута се зголеми на скоро една петтина во споредба со рекордното ниво од 58.354 долари што го забележа во неделата, иако цената на биткоинот е сè уште скоро 60 проценти повисока во споредба со почетокот на 2021 година.

Ethereum, втората најголема криптовалута во светот според пазарната капитализација, која често се движи во тандем со биткоинот, исто така потона за повеќе од 17 проценти на 1.461 долари, што е за скоро 30 проценти помалку од највисокото ниво во минатата недела.

Падот на најважната криптовалута беше придружен со пад на повеќе значајни криптовалути. Така, етереумот, според платформата Коиндеск, е во минус од 17 проценти и вреди 1.468 долари. Ripple забележа најголем пад од првите четири, над 23 проценти и вреди 0,44 $. Стелар забележа дневен пад од скоро 22 проценти и вреди 0,36 долари.