По благиот пад на вредноста завчера, пазарот на криптовалути утрово е зелен и бележи благ раст.
Цената на биткоинот утрово изнесуваше 40.049 долари, што е зголемување за помалку од еден процент за 24 часа во споредба со вчера, кога сите криптовалути пораснаа за над 10 проценти.
И eтериумот е во зелена боја. Се тргува по цена од 2.309 долари.
Извршниот директор на Delta Exchange, Панкај Балини, изјави за Coindesk дека биткоинот ќе продолжи да расте и ќе го тестира горниот крај на опсегот на тргување од 30.000 до 42.000 долари. Тој посочува дека очекува слични потези во тргувањето со алткоини предводени од етерот.