Вредноста на биткоинот која вчера се приближи до историски рекорд од 61.500 долари, денеска повторно падна за 2,5 проценти и се тргуваше за околу 57.307 американски долари.
Биткоинот се искачи за скоро 1.000 проценти во последните 12 месеци, но исто така пораст имаше и втората највредна криптовалута етериум.
Цената на биткоинот се зголеми од под 10.000 долари лани на околу 60.000 долари сега, додека етереумот додаде 1.200 проценти, искачувајќи се од нешто повеќе од 100 долари по етер на скоро 2.000 долари.