Кога сите помислуваат дека готово веќе е завршено со биткоинот и дека цената ќе почне драстично да паѓа, пазарот на инвеститори во дигитални валути повторно се стабилизира, па тргувањето со биткоин повторно прави скокови.
Во изминатиот период имаше повеќе позитивни вести кои беа силен индикатор дека постои сериозен обид да и се даде нов живот на оваа криптовалута, секако не во форма на вештачко дишење, ама добра и силна инфузија.
Така дознавме дека во криптовалути ќе инвестираат Џорџ Сорос, како и моќното финансиско семејство Рокфелер преку нивниот специјализиран инвестициски фонд кој се врза со капителен фонд кој се занимава токму со иновации со блокчејн технологија во претриемништвото и тргувања со дигитални валути, нивни ценовни движења и секјуратизации.
Секако, по еден ваков период на ценовно стабилизирање и благ раст на биткоинот кој сега вреди 8110 долари, веднаш се јавуваат и лудите предвидувања дека до крајот на годината не само што ќе си ја врати рекордната вредност од околу 20 илјади долари, туку и дека десекратно ќе се зголемува.
На ваквата теза веќе пишувавме дека аналитичарите од Bank of America не веруваат бидејќи според нивните податоци меурот на битконот веќе пукнал и дека повеќе нема да ги достигне историските височини туку дека ќе продолжи да се тргува по стабилизирани ниски цени како и сите други комодитети кои го поминале периодот на фазата на ширење како меур од сапуница.
Извор: Фактор