Клубот на Бизнис ангели на ЦЕЕД Македонија отвора нов повик за пријавување на нови бизнис идеи. Повикот е отворен до 28-ми ноември 2018 година и секој што има креативна бизнис идеја може да се пријави.
Селекцијата ќе биде направена од неколку идеи, кои на 03.12.2018 ќе бидат презентирани пред Клубот на бизнис ангелите на ЦЕЕД Македонија. Доколку бизнис ангелите оценат дека има повеќе добри бизнис идеи, ќе бидат повикани да се презентираат во друг термин којшто дополнително ќе се утврди.
Повикот е отворен за идеи од сите индустрии.
Аплицирањето оди преку Gust платформата на којашто имаат пристап сите членки на интернационалната мрежа на бизнис ангели EBAN, меѓу кои е и ЦЕЕД Македонија.
Апликацијата можете да ја пополните на следниот линк, a регистрацијата е бесплатна.
За Клубот на Бизнис ангели на ЦЕЕД Македонија
CEED Macedonia Business Angels Club (CEED BA Club) е формиран како подклуб на членовите на CEED Business and Learning Club – Gold, во ноември 2013 година и е меѓу првите клубови од ваков вид во Македонија. Во клубот членуваат претприемачи кои се подготвени да инвестираат во бизнис идеи или во постоечки бизниси, доколку идентификуваат потенцијал за раст, иновации и слично.
Првите бизнис идеи пред членовите на клубот беа презентирани на 2 април 2014 година, а во месец декември 2014 година беше направена првата инвестиција. Втората инвестиција е направена во мај 2015, а третата во јуни 2016. Моментално се разгледуваат уште четири потенцијални идеи.