Со цел унапредување и интензивирање на економската соработка помеѓу Република Македонија и Република Естонија, Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора за трговија и индустрија на Естонија, организираат Бизнис форум и деловни средби.
Бизнис форумот и деловните средби ќе се одржат во рамките на посетата на бизнис делегацијата од Република Естонија, предводена од H.E. амбасадорот Вајно Реинарт, потсекретар за развој и економски работи на Министерството за надворешни работи на Р. Естонија, а во соработка со Стопанската комора за трговија и индустрија на Естонија. Како дел од делегацијата ќе бидат присутни и еминентни естонкси бизнисмени со кои што македонските компании ќе имаат можност да остварат директни бизнис-средби од областите:
• земјоделство, прехранбен сектор;
• кетеринг и угостителство;
• информатичка технологија – софтверски решенија:
управување со клиенти;
одбрана;
транспорт и логистика;
комунални дејности;
банки, штедилници и осигурителни компании;
• консултантски услуги.
Бизнис форумот и деловните средби ќе се одржат на 12 март 2018 година (денес ), со почеток во 10:00 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат.