Бизнис форум со наслов „Можности и предизвици за развој на приватниот сектор во време на криза“ ќе се одржи денеска во организација на Програмата за развој на Обединетите нации.

– Настанот, замислен како отворен дијалог помеѓу различни претставници од приватниот сектор и клучните институции за бизнис поддршка во државата, ќе биде отворен од директорот на Агенцијата за вработување Беким Мурати и постојаниот претставник на УНДПМК Армен Григорјан, наведуваат од Програмата за развој на Обединетите нации.