Во Скопје денеска, на иницијатива на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и потпретседателот на Советот на министри на Бугарија, Томислав Дончев ќе се одржи бизнис форум на кој ќе учествуваат македонски и бугарски компании.
На форумот насловен „МК-БГ 2019″, најавени се обраќања на македонскиот и бугарскиот вицепремиер, како и на македонскиот министер за економија Крешник Бектеши и бугарскиот заменик-министер за економија Александар Манолев.
Се очекува присуство на претставници од шеесетина компании од Бугарија и голем број претставници на македонски компании. Компаниите од двете земји ќе имаат можност да оствaрат меѓусебни средби со цел интензивирање на меѓусебните бизнис односи.
Бизнис форумот е прв по потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка во 2017 година. /МИА