Амбасадата на Република Словенија во Северна Македонија, заедно со Здружението на словенечки и македонски претприемачи, Стопанската комора на Северна Македонија, Институтот за стратешки решенија и Спирит Словенија денеска организира бизнис форум насловен „The water is rising: Running a Business while Managing Crises”.
Една од темите на форумот ќе биде и економската интеграција на Западен Балкан со ЕУ.
Целта на настанот е да се разгледа влијанието на словенечките компании во Северна Македонија, да се изнајдат синергии за идна соработка и да се сврти вниманието кон сите постоечки и очекувани локални и глобални предизвици.
Годинашниот настан во Скопје ќе го разгледа влијанието на климатските промени и геополитиката врз управувањето со ризици и бизнисот.