Да не се одлага либерализацијата на пазарот на поштенски услуги бараат приватните поштенски оператори при ССК. Оттаму велат дека се додека само Македонски пошти како државен оператор ги испорачува пратките до 50 грама однсоно малите писма и сметките за комуналии, граѓаните не можат да добијат брза и навремена достава. Најголем дел од нив се пожалиле дека поштарите најчесто доцнат со препорачаните писма а повеќето рекламации се однесуваат на Макеоднска пошта. Либерализацијата до сега беше неколку пати одлагана. Согласно законот за поштенски услуги пазарот треба целосно да се отвори следната година.
Ретки се компаниите во земјава во секторот на поштенски услуги кои се во чекор со светските трендови, вели Милошевски. За да се намалат поплаките од крајните корисници сите оператори треба да се стремат да развијат нови производи и услуги.
Според последниот извештај на регулаторот од 2016 , речиси 4 500 рекламации од граѓаните биле за доставата преку Македонска пошта а околу 300 за другите оператори. Во земјава има 33 даватели на поштенски услуги, а законот предвидува глоби и до 5 000 евра за ненавремана достава на пратки.
Извор:http://sitel.com.mk/