Формирањето на нова Влада да биде час поскоро, бидејќи бизнисот во земјава е на стаклени нозе, апелираат од Организацијата на работодавачи. Доколку нема брзо нова Влада, бизнисот ќе трпи големи последниц, а периодот на закрепнување ќе биде многу долг.
Се наоѓаме во тешка, непредвидлива ситуација каде последиците од корона кризата се очигледни, но пострашно е што иднината е неизвесна. Затоа ни треба нормална политичка Влада која ќе има доболно пратеници, со полн капацитет да работи на законите“- изјави Ангел Димитров, Организација на работодавачи.
Според Димитров бизнис заедницата остана без никаква помош во претходниот месец, а кризата се уште трае. Затоа непходно е новата Владата брзо реагира и да донесе нов сет мерки.
Непходно е носење на нов сет економски мерки, затоа шо последниот сет заврши во јуни месец, за јули компаниите немаат никаква подршка, последниците и понатаму се присутни, градинките не се отворени, многу луѓе и понатаму седат дома по основ на хронични болести“-рече изјави Ангел Димитров, Организација на работодавачи.
Од Министерството за финансии тврдат дека пари во буџетот има за носење нови мерки и нема да има потреба од ново задолжување.
Министрство за финансии:
„Обезбедени се ликвидносни средства за да буџетот се извршува согласно планот до крајот на годината, односно редовно да се исплаќаат платите пензиите, социјалната помош, како и средства за антикризни мерки за помош на фирмите. Има обезбедено и одреден бафер (средства за сигурност) за евентуален втор шок или за сервисрање на отплати кои доспеваат во 2021.“
За надминување на економската криза предизвикана од Ковид-19, досега се донесоа три сета економски мерки за што земјава се задолжи 336 милиони евра кај меѓународните монетарни фондови, а се издаде и највисоката досега еврообврзница тешка 700 милиони евра која ќе треба да се врати за шест години.