Увозот на работници од странство не е најдобра, туку неопходна мерка, сметаат од бизнис заедницата. Одливот на нашата млада работна сила веќе резултира со пад на бруто домашниот производ и пад на извозот, а ќе се почувствува и во полнењето на пензискиот фонд. Од „Гласен текстилец“ со став дека македонскиот работник треба да биде приоритет и на работодавците и на државата…
Трудоинтензивните дејности први се соочија со недостигот од работна сила. Нема млад кадар во текстилната индустрија откако старите заминуваат во пензија. Дел од работодавците се обидуваат проблемот да го надминат со увоз на работници од странство, на што гласно реагираат од „Гласен текстилец“ и посочуваат дека ова меѓу другото е резултат и од неефикасноста на Агецијата за вработување.
Увозот на работници е неминовен по големиот одлив на нашата млада работна сила, велат работодавците. Бараат државата да ги реформира прописите за странски работници и наместо посебно, дозволите за престој и работа да се издаваат со едно барање.
Според бизнис заедницата, Македонија има најмалку странски работници од соседните држави, а доаѓаат од главно од Непал и Бангладеш. Странски работници се вработуваат откако ќе се исцрпат сите можности за ангажирање на домашна работна сила.