Продолжената ковид криза ќе донесе ново – второ прекројување на државната каса која тежи 3,95 милијарди евра. Дали само ќе се префрлаат средства меѓу институциите на кои им се најпотребни или овој пат вистински ќе се направи рез во непродуктивните трошоци ќе се знае во следните две недели. Прво ќе треба да се преброи колку пари ќе чини четвртиот пакет мерки за помош на граѓаните и бизнисот, но и потфрлањето на приходите во буџетот.

СЕКАКО ТРЕБА ДА СЕ ИМА ПРЕДВИД ДЕКА НАРЕДНАТА НЕДЕЛА ЌЕ ИМАМЕ И ПРЕДЛОГ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ КОГА БИ МОЖЕЛО ДА ИМАМЕ РЕБАЛАНС, НО КАЖАВ И ПРЕТХОДНО НИЕ КАКО МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА ШТО СЕ ОДНЕСУВА ДО СЕКТОРИТЕ КОИ ГИ ПОКРИВАМЕ НИЕ МОЖЕМЕ И ВНАТРЕ ВО НАШАТА ИНСТИТУЦИЈА ДА РАСПРЕДЕЛИМЕ СРЕДСТВА СЕ СО ЦЕЛ ДА ИМ ИЗЛЕЗЕМЕ ВО ПРЕСРЕТ НА БАРАЊАТА НА СТОПАНСКИТЕ КОМОРИ“ –ИЗЈАВИ БЕКТЕШИ.

Од ресорот финансии, пак уште не се прецизни околу потребата од втор ребаланс.

Откако ќе се дискутира четвртиот пакет-мерки и ќе се проценат фискалните импликации, ќе се оцени дали има потреба од втор ребаланс на Буџетот.“- велат од Министеството за финансии.

Стопанството е категорично дека е неопходно државата да помогне за бизнисот да преживее. Велат состојбата е влошена, а компаниите секојдневно паѓаат во долгови.

ПРОЦЕНТУАЛНО КАКО ИЗНОС ОД БДП ИМАВМЕ НАЈМАЛ ПАКЕТ И СЕ НАДЕВАМЕ ДЕКА СО ЧЕТВРТИОТ ПАКЕТ ТОА ЌЕ СЕ КОРЕГИРА – ВЕЛИ АРСОВСКА.

Благица Петрески од Finance Think вели мерката 14.500 денари за минимални плати спасила 140.000 работни места, но 80.000 можеле да преживеат и без тие пари. Затоа препорачува новиот сет мерки да биде потаргетиран.Експертите се децидни дека втор ребаланс е неопходен и препорачуваат намалување на непотребните трошења.

ОСТАНУВА ПРЕПОРАКАТА НА ИСКЛУЧИТЕЛНА ВНИМАТЕЛНОСТ НА ТРОШЕЊЕ НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА ВО ОВОЈ ПЕРИОД ДА БИДАТ ВО ПРОДУКТИВНИ ЦЕЛИ, МЕЃУТОА ИСТО ТАКА ДА СЕ ИДЕНТИФИКУВААТ ДЕЛОВИ КАДЕ ШТО МОЖЕ ДА ВЛИЈААТ НА РАЗВОЈОТ И ДА ИМААТ ПОГОЛЕМ УДЕЛ КОН БДП“- ВЕЛИ ПЕТРЕСКИ.

Првото прекројување на државаната каса техничката влада го усвои со уредба со закнска сила во мај годинава. Не скрати ниту денар од расходите туку си додаде нови 54 милиони евра за трошење. А се скратија парите за капитални проекти за 68 милиони евра. Најавите пак за кратење на платите во администрацијата не се реализираа поради различнте ставови на тогашните и сегашни коалициони партнери СДСМ и ДУИ.

 

Извор:  Телма