Без мерки од Владата не може да се очекува цените да поевтинуваат. Од Стопанската комора, за МТВ велат побарале да се намали бројот на продукти во кошничките, но да се зголемат попустите за да можат граѓаните реално да почувствуваат разлика.

Бизнисот ќе бара цените да останат на стабилно ниво, трговците да не ги поскапуваат. Сепак, велат, без мерки од Владата не може да се очекува да поевтинуваат.

Од Стопанската комора, за МТВ велат побарале да се намали бројот на продукти во кошничките, но да се зголемат попустите за да можат граѓаните реално да почувствуваат разлика. Предложиле и воведување на купони за најранливите категории, да се намали и ДДВ-то за храната.

И власта со апел до производителите и трговците, по истекот на мерката да покажат социјална одговорност. Предупредија дека ќе преземат мерки, инспекторите остануваат на терен.

Во маркетите и синдикатите. Споредуваат и анализираат.

Новогодишната кошничка почна на 15-ти декември, а ефектите допрва ќе се анализираат.