Првиот човек на Стопанската комората, Бранко Азески и Транспаренси Интернешнл-Македонија, потпишаа договот за заедничка соработка во борбата против корупцијата. Азески потенцира дека искоренувањето на корупцијата е приоритет на бизнисот но дека државата покрја сите заложби не успева да ја помести сосотјбата од мртва точка.
-Најверојатно ни е вкоренета овде на Балканот и не само што треба да биде приоритет на хартија, треба да биде приоритет во секојдневното наше работење. Не верувам дека државата нема средства и можности да тоа прашање го реши. Токму пари оставаме во Грција со туризмот и може да направат гранични премини како на брза лента, денеска имаш можности да ги пратиш сателитски, другите работи да ги решеваат на многу софистициран начин, а самиот премин да биде направен и да биде задоволство за луѓето. Секаде каке што има тесни грла има простор за корупција, изјави претседателот на СКМ Бранко Азески.
-Системот може да ја рашири или спречи корупцијата. Работиме и на зголемуввање на интегитетот на бизнис секторот кон корупцијата, рече претседателот на Транспаренси Интернешнл – Македонија, Благоја Пандовски.